Добре дојдовте во Тобако 3, најдобрата Тобако онлајн продавница!
Тобако 3 е настаната како резултат на стратегијата за развој на Вантони ДООЕЛ Гевгелија, компанија којашто ги чувствува потребите на потрошувачите,а при тоа приспособувајќи се на новите технологии и начини на продажба. Тобако 3 започнува со работа во 2017 година како најдобро снабдено и најголемо по површина Тобако на територијата на општина Гевгелија кое работи 24/7. Со развој на технологијата, но и со нарушените здравствени услови поради пандемијата со КОВИД-19 вирусот нашиот менаџерски тим со цел да им излезе во пресрет на потребите на нашите потрошувачи ја разгледа потребата од излегување на Тобако 3 на онлајн платформата. На овој начин Тобако 3 овозможува поголема заштита на своите потрошувачи и намалување на директен контакт со поголем број на луѓе, а истовремено потрошувачите да ги задоволат своите потреби. Сите направени нарачки се процесуираат и дистрибуираат со помош на наш партнер за достава на истите согласно условите за испорака.
Тобако 3
Сигурна Нарачка, Брза Достава!